23/11/2024
Охрид

Веб-страната на Општина Охрид со нов дизајн

Од денес веб-страната на Општина Охрид  www.ohrid.gov.mk  е со нов дизајн.

„Спроведувајќи ги законските обврски за пристап и пласман на информации од јавен карактер, Локалната самоуправа на Општина Охрид ги презема неопходните мерки и ги овозможува потребните услови за се поголема транспарентност во нејзиното работење, за непосредна, функционална и полесна комуникација на граѓанинот за пристап до потребната информација поврзана со општината и општинската администрација.

Општина Охрид ги следи современите модели на електронската комуникација преку веб-страниците и интернетот како електронски медиум преку кој се спроведува и се реализира процесот за пристап и пласман на информации од јавен карактер, а со цел за интерес за потребите на граѓаните.

Институционалната инфраструктура претставена преку профилот на општината, советот, градоначалникот, органограмот на секторската поставеност на општинската администрација, актуелни законски акти, службените гласници и одлуките на советот од одржаните седници, усвоените програми за работа како и актуелностите од урбанистичката проблематика, даночната обврска, потоа формулари потребни за апликација и барање на разноразни административни услуги, комуналната инфраструктура и достапност кон инспекциските служби, се претставени на веб-страницата, чие надополнување секојдневно се ажурира.

Обновената web-страница на општината сега овозможува и полесно пребарување и пронаоѓање на потребната информација поставена на компатабилна платформа врз која е изградена.

Со префрлувањето на web-страницата на „hosting“ серверот можни се привремени појавувања на технички проблеми. молиме доколку забележите одредена грешка или ненамерен пропуст на информациите поставени на web-страницаta на општината, можете да ја испрaтите вашата забелешка до одделението за односи со јавност, e-mail: odnosisojavnost@ohrid.gov.mk “ – стои во известувањето од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.