22/11/2024
Охрид

Вечерва почнува „На зајдисонце – Трпејца 2018“

Вечерва, од 20:30 часот, во амбиентот на амбиентот од преубавата надезерска и крајезерска – Трпејца, македонското Сен Тропе, започнува, традиционалното, годинава седма по ред, Културно – забавното лето „„На зајдисонце –Трпејца 2018”.

На чинот на свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце“ на веќе позната сцена „кај Бунарот“, ќе биде отворена изложба на уметнички дела од Свето Стефановски, новинар, публицист, екологист и ликовен уметник.

Последниве години Стефановски живее на релацијата помеѓу Скопје и Охрид.

Ликовната кртика за него ќе забележи: “Делата на Свето Стефановски, имаат препознатлив стил и јазик со изразита енергија. Широка е палетата на неговото изразување. Кај него ќе најдете и пејзаж,и Стара чаршија, и Охрид и цркви и манастири, ама и цвеќе. Тој не му робува на традиционалното сфаќање на догмите за сликарството. Ослободен е од пресликување на стварноста. Природата кај него е дематеријализирана”.

„Свето Стефаноски е уметник, во чиии ликовни оствартувања можат да се препознаат експресивни моменти, а кои авторот ги изразува со силен естетски и душевен порив. Чистототата во неговите слики е толку јасна, штопораките се надовруваат една врз друга, успешно давајќи ни многу повеќе од она што го знаеме. Свето Стефаноски, се движи, уметнички созрева кон една содржина, вертикала и височина што наредниве години ќего внесе во најпознатите галерии во земјата и светот“– вели, познатиот ликовен уметник Јордан Манасиески.

Вечерта со својот настап ќе ја збогати и се’ популарното музичко и од неодамна брачно дуо ДИС – Денис Мурат и Стефани Стефановска од Скопје.