25/11/2024
Македонија

Вечерва се отвора Зимскиот салон во Чифте амам

Зимскиот салон е врвна ликовна манифестација основана во 1991 година и е единствена од ваков вид во нашата земја …

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), вечерва (20 часот), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, по седумнаесетти пат ќе биде отворена меѓународната ликовна манифестација Зимски салон.

Преку дефинирање на годинашната тема „Спектрални места“, изложбата низ мултимедијална композиција суштински пристапува кон различните сензационални толкувања за просторноста која ги носи визуелната уметност на 21 век.

На изложбата, чиј куратор е српскиот историчар на уметноста Никола Шуица, ќе бидат претставени повеќе од 70 дела од домашни и странски автори, и тоа од Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и од други земји. И оваа година еден од авторите ќе ја добие наградата Гран при, престој во ателјето на Меѓународниот град на уметностите (Citè des Arts) во Париз, што ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија.

Зимскиот салон е врвна ликовна манифестација основана во 1991 година и е единствена од ваков вид во нашата земја.