22/11/2024
Охрид

Вечерва во Охрид почнува 7. “Beach Film Festival“ – смотра на новиот европски филм

Вечерва во Охрид, започнува традиципоналната, мегународна, летна манифестација, седмиот по ред, „Beach Film Festival“ најавен од организаторите како смотра на новиот европски филм.

Фестивалот и оваа година, нуди богата филмска програма чии проекции ќе бидат на четири атрактивни, амбиенгтални локации.

Свечениот чин на отворањето е закажан за 20,30 на охридското крајбрежје – “Плажа Славија”, каде ќе биде и затворањето на 21 јули и каде ќе се одржува проекцијата на филмови од натпреварувачка програма.

Годинешното издание започнува со проекција на филмот „Живи и здрави“ (Forever hold your peace) кој доага директно од 71. Пуски филмски фестивал, прикажан минатата саботата, во рамките на натпреварувачката програма Малцинска копродукција.

За учесниците – режисери и актери, како и за публиката, посебна атракција се трите проекции, исто така од натпреварувачка програма, на бродот „Армада“, на водите од Охридското Езеро.

Во старото градско јадро, на локацијата на “Плажа – Сараиште”, ќе се одржуваат проекциите на филмови за деца, студентски филмови и кусометражни филмови од официјалната селекција.

За на истиот простор се закажани и ) и едукативните работилници на Младински културен центар.

Во главната програма, ќе бидат прикажани уште шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

На затворање на фестивалот во недела (21.јули) ќе биде прикажан (по традиција) македонскиот филм „Те дуа, жими мене“.

Покрај главната програма, на фестивалот, ќе бидат прикажани и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и дела од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов.

За музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.

Четиричленото жири кое ќе ги определи наградата „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување се состои од: Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт).

Тричленото жири, кое ќе ја определи наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм, го сочинуваат: Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски.


WebOhrid / 17.07.2024 / В.М.