26/11/2024
Струга

Вечерва во Струга се игра претставата „Наследство“ на Ристе Миладинов

Во изведба на актерите од  драмското студио „Миладин“, денес (12 мај) на сцената во Центарот за култура „Браќа Миладиновци “ во Струга, со почеток во 20 часот ќе биде одиграна претставата „Наследство“…
 
Станува збор за трагедија во режија на Ристе Миладинов, во која настапуваат  Зоран Симоноски, Ристе Миладинов, Љубица Дуноска, Бојан Крстески, Јован Затуроски, Деспина Јулоска, Марија Анѓелкоска, Сара Стефановиќ и Илија Ќосески. Драмското студио „Миладин“ работи од 2002 година. Во него членуваат две групи актери-аматери и тоа:  првата составена од деца до 14 годишна возраст, а втората ја сочинуваат лица постари од 15 години.

Струга има долга театарска традиција. Во овој град театар постоел од далечната 1908 година, со кој раководеле членови од повеќе генерации на семејството Миладинови, како и бројни струшки ентузијасти. Годинава по повод одбележувањето 50 години театарска активност на Ристе Миладин предвидени се повеќе драмски активности.