26/11/2024
Охрид

Велгоштанец упатувал сериозни закани кон член од семејството на полициски службеник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.К.(34) од охридското село Велгошти.

На 20 мај оваа година, пријавениот, од својот профил на социјалната мрежа ,,Фејсбук” упатил пораки со сериозни закани кон член од семејството на полициски службеник од полициската станица за безбедбност во сообраќајот на патиштата Охрид.

Пријавениот, тоа го сторил револтиран што, претходниот ден полицискиот службеник го запрел сега пријавениот при управување на патнички автомобил без регистарски таблици и му издал платни налози за констатирани прекршоци по Законот за безбедност на патиштата во сообраќајот.