25/11/2024
Македонија

Велигденска честитка од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз на сите православни верници и на сите граѓани на Македонија им го честита Велигден, најголемиот христијански празник.

„Годинава верниците празникот го слават во своите домови, обединети сите во желбата, пандемијата да ја победиме и да се нормализира и продолжи животот како и пред тоа.

Во историјата досега не се случило верниците да не можат да отидат до црквите и манастирите, да ги сослушаат молитвите, да се поклонат пред Христа и да се помолат за добро здравје, соживот и мир.

Но оваа вонредна и кризна состојба, почитувајќи ги препораките за дистанца, ќе ја надминеме и ќе излеземе од неа посилни, единствени и сплотени.

На сите верници им посакуваме добро здравје, меѓусебно разбирање и почитување и фамилијарен мир.

Христос воскресна!

Навистина воскресна!“ – стои во честитката од Демократскиот сојуз.