Велигденска честитка на градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка до граѓаните по повод Воскресението Христово- Велигден.
„Почитувани граѓани, православни христијани,
Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во здравје, мир и радост.
Оваа година Велигденските празнувања се во време кога целиот свет се соочува со заразната болест, предизвикана од Ковид -19 вирусот.
Од тие причини, Ве повикувам да бидеме стрпливи, дисциплинирани , да останеме дома и да ги почитуваме препораките за борба против коронавирусот.
Да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Овие празнични денови да ги посветиме на семејството, на реафирмацијата и јакнењето на семејните вредности.
Христовата победа над смртта нека ни биде пример и патоказ како и пред ова искушение да излеземе како победници и повторно да му се радуваме на животот.
Христос Воскресе!“– стои во честитката на градоначалникот Ногачески.