Велигденска честитка од СВР Охрид
По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни верници од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение.
„Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, љубов, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани.
Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи, правдата, единството и на сите вистински вредности во општеството.
Блискоста и партнерството со граѓаните, законитоста, професионализмот, етичноста, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со новите безбедносни предизвици.
За многу години Велигден, Христос воскресе.“- стои во честитката.