Велигденски базар во ОУ „Григор Прличев“
По повод Велигденските празници училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во бројни активности. Во училиштето традиционално се организира Велигденски базар, каде учениците своите велигденски изработки ги продаваа по симболични цени. Базарот секогаш буди креативен и натпреварувачки дух кај учениците и затоа е една од омилените ученички активности.
Оваа учебна година за прв пат, под мотото: „Желба наша за радост ваша“ со поддршка од Тамаро –маркети, учениците во училишниот двор во купените кутивчиња од киндер јајца, напишаа желби кои беа обесени на Велигденското дрво. Кутивчињата со желби ќе бидат ставени во временска кутија која ќе биде отворена подоцна, кога тие веќе ќе бидат повозрасни. Чинот е истовремено хуман и симболичен, имаше позитивна реакција кај учениците зашто на тој начин ќе бидат помогнати нивните содругарчиња со гратиси за ученичките екскурзии кои следат.