Велики четврток, отслужена света архиерејска Литургија во храмот Пресвета Богородица Перивлепта
Денес (02.05.2024), на Велики четврток – наутро, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
WebOhrid / 02.05.2024 / Дебарско-кичевска епархија