Верифицирани мандатите на новите делегати во Локалното собрание на млади
Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа седница на Локалното собрание на млади. На седницата се изврши верификација на мандатот на пријавените делегати и заменици делегати во Локалното младинско собрание по претходно објавен јавен повик.
Согласно дневниот ред, членовите на собранието донесоа и одлука за распишување на Јавен повик за избор на членови во Локалниот совет на млади.