Верниците го исполнија манастирот Сите Светии во Лешани
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети.
Голем број верници денеска го посетија манастирот во селото Лешани, палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа.
По повод празникот, утрово беше отслужена света литургија. Потоа беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а беше осветен и камен темелник за нов манастирски конак.
Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии.
За многу години!
WebOhrid