Верниците го одбележаа Танасовден (зимски) во Рамне
Празникот Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски, Танасаводен (зимски) денес се одбележа и во селото Рамне. По повод празникот во манастирот Св. Атанасиј Велики во Рамне беше отслужена света литургија, на која присуствуваа многубројни верници од Рамне и околината.
Традиционално, годинешниот кум даде ручек за присутните верници.
За многу години!
А.Андриоски