22/11/2024
Охрид

Верници се упатуваат кон манастирот Света Петка во Велгошти

По повод празникот посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св.Петка, многу верници од вечерва се упатуваат кон манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред светицата.

 

Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава.

За многу години!