Вевчанец физички ја нападнал неговата мајка и ѝ нанел телесни повреди
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.К.(40) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Тој, на 04.09.2021 година, во дворот од семејната куќа во Вевчани, физички ја нападнал неговата мајка и ѝ нанел телесни повреди.