23/11/2024
Охрид

Вевчанец нападнал вработен на паркинг во Охрид и упатувал закани кон полициски службеници

На 29.04.2019 година во 19 часот и 30 минути, на паркинг простор во близина на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, со кој стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Д.Г.(35) од Вевчани врз Н.С. (46) вработен во Јавното претпријатие.

Д.Г. упатувал навреди и закани кон полициските службеници. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.