Виц
Во едно село најдобриот и најбрз коњ се разболел. Газдата го видел и рекол дека доколку коњот не стане за три дена, ќе го убие за да не се мачи.
Го слушнала свињата ова и веднаш отрчала кај коњот да му каже:
– Станувај, ако не застанеш на нозе газдата ќе те убие!
Коњот собрал сила и едвај застанал на нозе. Кога го видел газдата, цел радосен извикал:
– Луѓеее, коњот се опорави! Ајде да ве почестам, ќе ја заколам свињата!!!
Поука: НЕ МЕШАЈТЕ СЕ ВО ТУЃИ РАБОТИ !