Виц
Се натпреварувале тројца другари кој може да преплива растојание од три километри. Скокнале сите тројца и почнале да пливаат. По еден километар првиот рекол:
– Не можам повеќе, и се удавил.
По два километри вториот рекол:
– Не можам повеќе, и тој се удавил.
Некаде на стотина метри пред целта, третиот рекол:
– Не можам повеќе, се свртел и се вратил назад.