Виц
Учителката го прашала малиот Перо, кој го напишал „Волшебното самарче“. Малиот Перо одговорил:
– Јас не учителке, жими се!
Учителката налутена го носи кај директорот и му вели:
– Замислете директоре, јас прашувам кој го напишал „Волшебното самарче“, а тој ми вели „јас не, жими се!“
Директорот:
– Па добро учителке, можеби навистина тој не го напишал тоа!
Учителката збеснала, го фатила малиот Перо за уво и излегувајќи од кај директорот сретнала еден полицаец, па веднаш решила да му се пожали:
– Замислете, прашувам кој го напишал „Волшебното самарче“, а тој ми вели „јас не, жими се!“ Го носам кај директорот кој ми вели „па добро учителке, можеби навистина тој не го напишал тоа!“
Полицаецот збунето ја гледа и ја прашува:
– Па добро госпоѓо, во кого се сомневате вие?