27/11/2024
Виц

Виц

Влегува Трпе во селската меана облечен во црно. Го гледаат селаните и му велат:

– Нека е на арно Трпе, зошто си во црно, што се случило?

Трпе со наведната глава:

– Не е арно, татко ми умре!

– Како е можно Трпе, само што го видовме седнат пред врата!?! – зачудени прашале селаните.

– А тоа, па ние го седнавме така додека не помини поштарот да подели пензија!!!