23/11/2024
Виц

Виц

Што е најбрзо на светот?

Биолог: – Најбрзо е трепкањето на очите. Тоа се случува, а никој и не приметува дека се случува.

Физичар: – Најбрза е светлината. Кога ќе притиснете прекинувач, таа до вас стигнува со брзина од 300 илјади километри во секунда, нема ништо побрзо во природата.

Филозоф: – Најбрза е мислата. Со мислата, за секунда можеш да стигнеш каде сакаш.

Селанец: – Кога ве слушнав вас, учени луѓе, сфатив дека најбрзо нешто на светот е проливот. Кога ќе те стегне, стигнува пред да трепнеш со око! Веќе си ги наполнил гаќите уште пред да запалиш светло или да помислиш на било што!