Виц
Еден млад пар одлучил да се венча, но во сообраќајна несреќа загинале и двајцата. Отишле во рајот и му кажале на Свети Петар дека сакаат да се венчаат, бидејќи многу се сакаат. Но, Свети Петар им кажал дека никогаш порано никој не се венчал во рајот и дека ако навистина сакаат да го направат тоа, ќе треба да одат кај Господ.
Отишле кај Господ, му кажале за нивниот план, а Тој им кажал да причекаат 5 години.
Поминале 5 години, тие повторно отишле кај Господ, но Тој им одговорил дека ќе мора да причекаат уште 5 години.
По 10 години поминати во рајот, конечно дошол денот кога тие се венчале.
После една година почнале расправии, и двајцата не можеле да се поднесат еден со друг, па повторно отишле кај Господ, но овој пат барале развод.
Господ им одговорил: – Ми требаа 10 години во рајов да најдам поп, што мислите колку години ќе ми се потребни за да најдам адвокат!