Виц
Состанок во полиција, на тема: Заштеда на материјални средства.
Командирот: „Време е да почнеме да штедиме. Од денеска нема да употребуваме никакви инструменти за контрола на алкохолизираноста на возачите, затоа што се мпогу скапи. Преоѓаме на поевтин систем: на возачот ќе му дадеме презерватив во кој ќе дува, потоа ќе помирисаме и ќе видиме дали пиел и колку. Затоа Миле, оди во аптека и купи 500 презервативи!“
Во аптеката стојат две постари госпоѓи. Миле влегува и и вели на аптекарката:
– „Ве молам 500 презервативи!“
– „Ах, блазе си и!“- воздивнала првата госпоѓа.
– „Госпоѓо, тоа не е за неа туку за народот.“ – се обидел да објасни Миле.
– „Ве молам, ќе одите ли вие по куќите или ние ќе мораме да доаѓаме во полиција?“- прашала втората.