Виц
Мажот се враќа во седум часот наутро…
Жената: Нешто закасни, нели Супермен?!?
Мажот: Можам да ти објаснам мила, баш ми е жал, бев со клиенти…
Жената: И цела ноќ дискутираше со нив, дури до седум сабајле, нели Супермен?
Мажот: Почекај да ти кажам. Успеав да добијам нов клиент за фирмата, го однесов на вечера…
Жената: Да, сигурно, и тоа до седум наутро Супермен, толку ме мислиш глупава?
Мажот: Признавам, отидовме во бар на пијалок, останавме до три…
Жената: Да, да, Супермен, до три. А што беше до седум? А Супермен?
Мажот: Пааа, отидовме во ноќен клуб, но јас само седев и гледав, гледав, ми беше многу досадно…
Жената: Сигурно Супермен, само си седел! Во што се треба да верувам Супермен?
Мажот: Остај да ти кажам, туку зошто цело време ме нарекуваш Супермен?!?
Жената: Па, само Супермен ги носи гаќите над панталоните!!!