Виц
Еден богат банкар се возел со својот Мерцедес и гледа еден маж како јаде трева. Застанува покрај него и го прашува:
– Зошто јадеш трева?
– Немам пари за храна!
– Па тогаш ајде со мене, да те нахранам!
– Ама господине, имам жена и три деца!
– Нема проблем, има доволно и за нив!
Сите влегле во Мерцедесот, тргнале и сиромашниот вели:
– Ви благодарам господине! Вие сте навистина добар човек! Ви благодариме што не зедовте со вас!
– Нема проблем, само кога ќе видите колку е висока тревата во мојот двор…