23/11/2024
Виц

Виц

Трпана завршила курс за компјутери, и веднаш почнала со работа како главна за работа со компјутери во нејзината фирма. И така работела со денови… Но, еден ден таа се разболела, па настанал проблем. Никој не можел да влезе да се логира на нејзиниот компјутер, кој бил главен во фирмата. Викнале дури и хакер, но и тој не можел да ја пробие лозинката.

Шефот вознемирен се јавува кај Трпана:

– Извинете што ве вознемирувам, дали ќе ми ја кажете лозинката?

– Секако, ГОЛЕМОО!

Шефот презадоволен се обидел да влезе во главниот компјутер. Пробал со: ГОЛЕМО, ГОЛЕМОО, ГОЛЕМООО… но никако не успеал да се логира. Па повторно се јавува кај Трпана:

– Се извинувам, повторно јас! Колку букви има лозинката?

– Па само една! Големо О !!!