27/11/2024
Виц

Виц

Брод полн со животни пловел по океан. Животните се досадувале и им текнало да играат некоја игра за да им биде поинтересно. Предложиле да играат криенка, но слонот бил многу голем да се скрие. Жирафата предложила кошарка, но сите се бунеле бидејќи била превисока. На крајот лавот предложил игра во која на папагалот ќе му се врзат очите, а тие да бегаат, па кого ќе го види тој да биде следен.

Му ги врзале очите на папагалот, сите животни почнале да бегаат наваму-натаму, но во тој момент удрил еден голем бран и бродот го направил парам-парче. Нога од лав на една страна, сурла од слон на друга страна, врат од жирафа на трета страна… Папагалот ги одврзал очите и рекол:

– Уф, ама зезната игра!