23/11/2024
Виц

Виц

Си седел еден мудрец покрај река и ја гледа како тече. Му приоѓа еден млад дечко и го прашал:

– Старче, само ти можеш да ми помогнеш да го решам прашањево. Ти имаш многу искуство, години, мудрост… Кажи ми, која е смислата на животот?

Мудрецот му покажува кон реката:

– Види синко… тоа е оваа река…

Дечкото:

– Ај не зафркавај! Јас пак си мислев дека се журките, колите, жените, алкохолот…!!!

Мудрецот:

– У да му се сневиди, па тоа е тоа, а јас цело време мислев дека е рекава!!!