Виц
Брачен пар се вози на автопат, 100 km/h. Жената вози, а мажот мирно разгледува наоколу, се врти кон неа и и вели:
– Оженет сум веќе преку 20 години, но сакам да се разведам од тебе, сакам развод!!!
Жената ништо не одговорила, само продолжила да вози зголемувајќи ја брзината на 110.
– Не сакам да се обидуваш да ме спречиш, знаеш… јас сум во врска со твојата најдобра пријателка!
Жената повторно ништо не одговорила, само ја зголемила брзината на 120.
– Сакам да ја задржам колава! – рекол тој, а брзината полека пораснала на 130.
– Ја сакам и куќата, јахтата, сите кредитни картички! Дали ти е јасно?!
Колата полека почнала да се упатува кон еден бетонски ѕид, брзината 140. Мажот почнал да се нервира, па прашал:
– Ти не сакаш ништо за тебе?
– Не, јас имам се што ми треба! – одговорила таа и ја зголемила брзината на 150.
– О, навистина, а што е тоа?
Стрелката се искачила на 160, автомобилот одел право на бетонскиот ѕид, а таа се свртела кон него и со насмевка му рекла:
– „Airbag!“