Виц
Учителката ги прашала децата што работат нивните родители, прв го прашала малиот Перо:
– Перо, кажи ми ти мене, што работи твојот татко?
– Па, учителке, мојот татко е стриптизер, игра по ноќни клубови, добро го плаќаат, зависи понекогаш игра пред жени, а понекогаш и пред мажи!
Учителката го викнала надвор, за да не слушаат другите деца.
– Кажи ми ти Перо, дали е тоа вистина?
– Не учителке! Мојот татко игра за кошаркарска репрезентација на Македонија, ама ми беше срам тоа да го кажам пред другите деца!