23/11/2024
Виц

Виц

Една баба отишла да продава јаболка на пазар и почнала да вика:

– Ајде, радиоактивни јаболка, ајде! Тазе се од Фукушима, ајдеее!!!

И приоѓа еден човек и ја прашува:

– Бабо, ти да не си луда!?! Зошто спомнуваш радиоактивни, Фукушима, па кој ќе сака да ти купи од тие јаболка?

– Ааа, бабе, купуваат, купуваат! Некој за зетот, некој за свекрвата, некој за снаата… купуваат, купуваат!!!