23/11/2024
Виц

Виц

Двајца лудаци си купиле коњи, но не знаеле како да ги разликуваат. Се одлучиле на едниот да му отсечат едно уво, но првата ноќ, коњот со едно уво му одгризал уво на другиот коњ за да бидат исти.

Кога се разбудиле лудаците, што ќе видат, двата коњи со по едно уво. На едниот коњ му го отсекле и другото уво, но следната ноќ повторно љубоморниот коњ му го одгризал и другото уво.

Следниот ден лудаците повторно не можеле да ги разликуваат коњите, па му ја отсекле опашката на едниот коњ, но за време на ноќта повторно едниот коњ му ја одгризал опашката и на другиот коњ.

Лудаците не знаеле што да прават, а пак едниот му вели на другиот:

– Добро, јас мислам дека твојов бел коњ е малку повисок од мојов црн коњ!!!