Виц
Разговараат тројца пријатели…
Јас сум храбар! – рекол првиот.
Си идам дома среде ноќ, камен пијан, жена ми во кревет, но не спие. Јас земам стол и седнувам пред неа покрај креветот, а таа прашува:
– Што правиш? – а јас и велам:
– Сакам да седам во првиот ред кога ќе почне циркусот!
Јас сум уште похрабар! – рекол вториот.
Си идам дома во ниедно време, пијан, жената ме чека со метла во рака, а јас и велам:
– Чистиш или се спремаш да одлеташ некаде!?
Јас сум најхрабар! – рекол третиот.
Си идам дома среде ноќ, пијан, мирисам на женски парфем, со кармин на кошулата, ја удирам жената по задникот и и велам:
– Ти си следна!!!