Виц
Полицијата спровела акција за фаќање на пијани возачи. Се разбира, се позиционирале кај најпрометната кафана и чекаат…
Завршило работното време и сите излегуваат од кафаната… Полицајците набљудуваат и гледаат како еден излегува на паркингот и се обидува да го пронајде автомобилот, паѓа, станува, се тетерави, повторно паѓа, станува и со тетеравење конечно ја пронашол својата кола, која останала сама на паркингот, бидејќи во меѓувреме сите други си заминале. Влегол во колата, и само што тргнал го застанува полиција. Му даваат алко тест, кој покажува 0,0.
Полицајците гледаат со неверување и го прашуваат:
– Како е можно? Алко тестот покажува 0, а ти веќе половина час паѓаш по паркингов?
– То е! Вечерва јас бев мамецот, морав да глумам додека сите си заминат!!! – одговорил возачот.