Виц
Еден брод полн со патници поминал покрај мал пуст остров среде океан. Сите од бродот на островот виделе еден човек со долга коса и со брада, во парталави алишта, како скока, урла и мафта со сета сила.
– Кој е оној на островон? – запрашал еден од патниците.
– Не знам, ама секоја година кога поминуваме од овде тој начисто полудува! – рекол капетанот.