Виц
Малото камилче ја прашува мајката камила:
– Мамо, мамо, зошто ние имаме грпка?
– Секогаш кога одиме низ пустина да имаме вода.
Малиот ќути, размислува и после 5 минути пак прашува:
– Мамо, мамо, зошто имаме долги трепки?
– Тоа сине е кога одиме низ пустина да не ни влегува песок во очи.
Малиот ќути размислува и за 5 минути пак прашува:
– Мамо, а зошто имаме вакви копита?
– Кога се движиме низ пустина да не ни пропаѓаат нозете во песокот.
Малиот ќути, размислува и за 5 минути повторно ја прашува мајка си:
– Па тогаш што бараме ние во зоолошка градина?