Виц
Стои Зајко над провалија и вика:
– Кравооо, кравооо!
Доаѓа Мечката и го прашува:
– Што правиш Зајко?
– Ништо, остави ме! – одговорил Зајко и продолжил да вика:
– Кравооо, кравооо!
Мечката пак:
– Слушај Зајко! Ако не ми кажеш што правиш, ќе те скршам од ќотек!
– Добро, дојди ваму и види што има долу! – и рекол Зајко на Мечката.
Мечката љубопитна отишла на самиот раб од провалијата. Зајко ја турнал и почка да вика:
– Мечкооо, мечкооо!