Виц
Германец, Италијанец и Македонец починале во ист ден и се сретнале на небото, па почнале да си раскажуваат за нивните несреќи…
– Го возев мојот Мерцедес, 200 километри на саат, излетав од патот, удрив во дрво и еве ме тука! – рекол Германецот.
– Го возев моето Ферари, 230 километри на саат, излетав од патот во провалија и загинав! – рекол Италијанецот.
– Јас купив Фиќо и умрев од глад! – рекол Македонецот.