Виц
Лавот одел низ џунгла и видел еден мајмун на дрво, па му рекол:
– Ајде слези од дрвото малку да играме!
– Неее, неее смеаам! – му одговорил мајмунот.
– Па, што се тресеш!? Не плаши се, нема да те изедам, пред малку јадев, не сум гладен!
– Неее, неее смеааам!
– Ама не плаши се! Еве ќе си ги врзам и шепите и устата!
Како што рекол лавот, така и направил. Мајмунот слегол од дрвото, но и понатака се тресел.
– Зошто се тресеш сега кога сум врзан? – го прашал лавот.
– Ова ќе ми биде прв пат да изедам лав!!! – му одговорил мајмунот.