Виц
Отишол Трпе на интервју за работа. Ги договорил сите детали уште на крајот останало да праша за плата:
– Добро, а колку плаќате?
– 100 евра на почеток, а ако работите добро, подоцна платата може да стигне и до 200 евра! – му одговорил директорот.
– Па, ај ќе дојдам јас подоцна! – рекол Трпе и си заминал.