Виц
Отишол Барак Обама кај Господ со помош на најновата НАСА технологија:
– Господе, кажи ми, што ќе биде со мојата држава? Колку долго ќе бидам претседател на САД?
– Ти, Обама, ќе бидеш виновен за почетокот на Третата светска војна! Ќе започнеш војна со Русија!
– Па добро бе Господе, а кој ќе победи?
– А, извини, тоа не можам да ти го кажам!
– Во ред, како што ќе кажеш Господе… туку… сакав да те прашам, дали ќе постои Кока-Кола и по Третата светска војна?
– Да, да, ќе постои!
– А колку ќе чини?
– 10 рубљи за литар!