Виц
Две плавуши се возеле со автобус од Охрид за Скопје, а зад нив седел Трпе и ги прислушувал:
– Сношти дојде дечкото кај мене дома… моите не беа тука… па си слушавме музика… па ме бакна во образ… па вечеравме… па пиевме кафе… па гледавме филм… па ме мазеше…
Едно време Трпе викнал:
– Дај бре веќе кажете, имаше секс или немаше!? Требаше да слезам Кичево, а сега морам да одам дури до Скопје!!!