Виц
Во едно село бил организиран излет за свекрви, и тоа со два автобуси.
Утрото, на поаѓање сите снаи излегле да ги испратат свекрвите, па така автобусите тргнале. Не поминало многу време, кога слушнале дека двата автобуси паднале во река и сите свекрви се удавиле.
Снаите, сите ладнокрвни, само прокоментирале нешто, кога виделе една како трча, плаче и си ја кубе косата, па ја прашале:
– Што ти е, да не побудале?
А таа им одговорила:
– Леле, леле, кутрата јас! Само мојата свекрва задоцни на автобус!!!