Виц
Еден планинар се искачувал на Шар Планина и така премрзнат дошол до едно село, до една куќичка, па затропал на вратата, а од внатре се слушнал детски глас:
– Да!?!
– Дали е тука татко ти?
– Не е, излезе кога дојде мама.
– Значи мајка ти е тука?
– Не е, излезе кога влегов јас.
– Па добро, вие никогаш не сте заедно? – збунет прашал планинарот.
– Заедно сме, ама дома. Ова ни е нужникот!!!