Виц
Отишол Трпе во Америка и здогледал апарат за кока-кола. Поминал некој Американец, фрлил еден долар и излегла една кока-кола. Трпе се загреал и почнал да уфрла парички ко луд, долар по долар. Кога ги потрошил ситните пари отишол да раситни 100 долари. Зад него се направила гужва, па еден го прашал:
– Што правите господине?
Трпе одговорил:
– Што треба да правам, зарем не гледаш дека цело време добивам!!!