Виц
Трпе слушал радио, кога одеднаш, ја прекинале програмата поради важни вести:
– Почитувани слушатели, слетаа вонземјани, мали зелени, со големи очи, рацете до земја, а доколку ги сретнете, разговарајте со нив!
Пошол Трпе на нива за да ора и таман што седнал на трактор, слушнал како шушка нешто во грмушката. Се приближил Трпе до грмушката, кога гледа нешто мало зелено, со големи очи, рацете до земја. И тогаш Трпе се сетил дека треба да му прави муабет.
– Јас сум Трпе, сега ќе орам, па ќе сеам, па потоа ќе жнеам!
Стои така и ништо не се случува, па повторува погласно:
– Јас сум Трпе, сега ќе орам, па ќе сеам, па потоа ќе жнеам!!
Повторно ништо, па Трпе уште погласно:
– Јас сум Трпе, сега ќе орам, па ќе сеам, па потоа ќе жнеам!!!
Тогаш од грмушката слушнал глас:
– Јас сум шумар, сега серам, па ќе ти е**м матер!!!