Виц
Некое момче македонче запознало девојка американка. Се зеле, направиле документи и заминале Америка. Седеле таму, година, две, три, и дедово му велит на зетов:
– Зете, дај бе речи им на твоиве да пуштат барем слика, да ги видиме ваму!
Момчево им праќат писмо на неговите и им пиши:
– Тато, мамо, аман пратете слика да ве види дедо!
Им праќа татко му слика, таткото седнат на стол, а пак мајка му стои исправена до него. Дедото ја гледа сликата, ја фрла, и вели:
– Каква правда е оваа!? Жената да стои, а пак мажот да седи!
Зетот ја зел сликата, ја враќа назад со друго писмо, и им вели:
– Аман, праќајте друга слика!
Таткото ја зема пак истата слика и позади запишал:
– Синко, кажи му на дедо ти дека оваа слика е сликана после нашата прва брачна ноќ! Тогаш, ниту јас можев да стојам на нозе, ниту пак мајка ти можеше на газ да седи!