Виц
Наставничката им дала задача на учениците да нацртаат цртеж слушајќи музика од Бетовен.
Димче нацртал расцветано поле и деца како си играат.
– „Ода на радоста“, – го објаснил Димче цртежот.
Трајче нацртал ливада и овчар со овци.
– „Пасторала“, го објаснил Трајче својот цртеж.
Малиот Трпе нацртал патлак, а наставничката шокирана го прашала:
– Што ти е ова Трпе?
– „За Елиза“. – одговорил Трпе.