Виц
Отишла бабата на лекар:
– Докторе, имам проблеми со зачестени гасови. Всушност, тоа и не е некој проблем… Тие се без мирис и ги испуштам без звук, само што се многу чести. Еве гледате… и сега додека зборувам со вас испуштив гасови, сигурно повеќе од дваесет пати. Вие ништо не приметивте бидејќи, како што ви реков, тие се без мирис и бесшумни.
– Хмм… добро, земете ги овие таблети и дојдете следната недела на контрола. – рекол докторот.
Ете ја бабата следната недела, но овој пат изнервирана:
– Докторе… нешто не е во ред со моите гасови. Откако почнав да ги пијам тие таблети, уште ми се чести и бесшумни, ама сега многу смрдат!
Докторот:
– Добро, значи синусите ги исчистивме, ајде сега да видиме како да го подобриме и вашиот слух!